Решението на бегалската криза треба да биде европско, сеопфатно и да се пронајде во соработка со Турција, оцени грчкиот премиер Алексис Ципрас на Твитер во врска со денешната средба во Атина со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и пред престојниот самит ЕУ-Турција на 7 март.
Цирпас смета дека одлуката на Европската комисија да обезбеди средства во износ од 700 милиони евра за надминување на хуманитарната криза во голем степен ќе помогне и за реализација на грчкиот владин план за вонредна состојба, пренесува БТА.
– Решението на проблемот сепак не може да биде ништо друго освен европско. Како што кажав и пред германскиот телевизиски канал Цет-Де-Еф неопходно е сеопфатно решение и соработка од страна на Турција. За тие работи ќе инсистираме на претстојниот самит ЕУ-Турција. Тоа ќе му го појаснам денеска и на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, истакна Ципрас.
Тој уште додаде дека е потребна мобилизација на сите во ЕУ за да се даде ефикасен одговор на бегалската криза.