Викендичка со интересен дизајн во Италија

Од:

На падините на италијанските Алпи, во близина на преминот Пасо дел Каваљо во провинцијата Бреша, е изградена викендичката „Алпс Вила“.

Вила Италија 2

Големите панорамски прозорци со рамки од дрво и бакар на куќата пружаат преубав поглед кон долината од едната и кон врвовите на Алпите од другата страна. Вилата е дело на италијанскито архитект Ботичини, кој се обидел да направи идеален баланс меѓу хармонијата и тензиите кои постојат меѓу самата градба и околниот предел.

Вила Италија 3

Куќата е „полувтопена“ во ридот со што се создава илузија дека таа е дел од него. Таа делува како да е во примарен однос со пејсажот, без дополнителни вештачки елементи. Панелите од брановит бакар и обработено дрво, дополнително придонесуваат за подобра интеграција на вилата во нејзиното опкружување.

Вила Италија 4

Пат од текстурни метални скалила води до стрмниот асфалтен пат, кој минува крај имотот на кој се наоѓа векендичката. На почетокт на скалилата крај патот има затворена структура изработена од оксидирано железо и дрво, која наликува на порта.

Вила Италија 5

Стаклениот влез на вилата на другиот крај на скалилата е заштитен со големи прозорци и тераса, која изгледа како да виси пред градбата.

Вила Италија 6

Ентериерот на куќата е поделен на три секции, кои претставуваат засебни целини. Во првата секција се сместени дневниот престој и трепезаријата, во втората кујната и ходникот, а во третата има три спални соби со бањи.

Вила Италија 7

 

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска