Куќата е дом на семејство со пет деца, сите под десет години. Поради тоа таа е отворена, флексибилна и заштитетна од сите временски прилики.
Иако куќата е сместена во Норт Шор, Чикаго, наликува на колиба од европското тло. На првиот кат, кој претходно беше поделен на традиционални соби, се отстранети преградните ѕидови, а просториите се отвораат една кон друга.
Рециклираните материјали, како што се подните плочки од француска теракота, дрвените греди од бел даб, дрвените палети и гипсените ѕидови се искористени низ целиот прв кат. Неколку камини има во дневната соба, а изградени се од тулите од оригиналниот дом.
Со додавањето на три големи прозорци на покривот, влажното поткровје е претворено во три спалнии соби, две бањи и светла инспиративна работилница за децата.