Откриена нова планета слична на Земјата

Од:

Тим германски и англиски астрономи открија нова планета која кружи околу ѕвезда, на соодветна оддалеченост за развој на клима слична како на Земјата, која би можела да биде погодна за развој на живот.

Тимот пронашол три планети во орбитата околу ѕвездата, оддалечена 44 светлосни години, но само една од нив се наоѓа во така наречената зона „Златокоса“ (Goldiloks), зона во која температурите не се ниту превисоки, ниту прениски, што е предуслов за постоење на протечна вода.

„Ѕвездата ХГ-40307 е совршено тивко старо џуџе, па не постои причина поради која таквата планета би била погодна за живот“, рече Гиљем Англа Ескуде од Универзитетот Готингем, кој го предводеше ова истражување заедно со Мик Туоми од Универзитетот во Хертфордшир.

Планетата има речиси седум пати повеќе маса од Земјата, но кружи околу звездата на речиси иста оддалеченост, што значи дека добива слична количина на енергија како и Земјата.

До сега се откриени повеќе од 800 планети надвор од нашиот систем, но само мал број од нив се наоѓаат во зоната погодна за живот. Уште поретки се планетите кои ротираат, како оваа новооткриената, на која се менуваат денот и ноќта, што ги зголемува шансите за развој на опкружување како на Земјата.

 

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ