Мартинка долга 17 километри, која што е запишана во Гинисовата книга на рекорди, од денеска е изложена во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, како дел од меѓународната изложба на мартинки што ја организира Центарот за научно истражување на промоција на културата „Хаемус“ од Скопје во соработка со културни институции од Бугарија, Романија и партнери од Србија.
Мартинката за Гинис лани на 1 март ја изработија бројни граѓани на плоштадот во бугарскиот град Видин и денес е дел од поставката во Етнографскиот музеј на Видин. Освен мартинката за Гинис, посетителите на изложбата во Скопје ќе можат да видат многу други рачно изработени мартинки и амајлии од Македонија, Бугарија и Романија, како и ракотворци кои ќе ги изработуваат на самото место.