Премиерот на Косово, Хашим Тачи изјави дека е договорено, сите досегашни заклучоци да се спроведат, особено договорот за интегрираното управување со границите.
Тачи рече дека косовската страна инсистирала да престане досегашниот начин на финансирање на паралелни српски институции на Косово и тоа финансирање да се одвива транспарентно.
Кога станува збор за досега постигнатото, на тоа да работат работни групи.
Тачи додаде дека разговарале и за заеднички проекти, како изградбата на автопатот Приштина-Мердаре-Ниш и да е побарано од ЕУ исто така да учествува во финансирањето на тој проект.