ОН не гледа знаци дека Северна Кореја има намера да ја прекине својата нуклеарна и балистичка програма

Од:

Експертска екипа на Обединетите нации не откри знаци според кои може да се суди дека Северна Кореја има намера да ја прекине својата нуклеарна и балистичка програма, како одговор на сегашните санкции на светската организација, пренесе ДПА.

Во извештај до Советот за безбедност на Светската организација експертите под знак прашање ја ставаат ефикасноста на санкциите на ОН, кои до овој момент Северна Кореја не ја натерале да се откаже од својата намера да разработува нуклеарно оружје.

Според документот на ОН, што го покрива периодот од февруари 2015 година до февруари 2016 година, режимот во Пјонгјанг успешно ги избегнува санкциите и продолжува да се стекнува со забранети материјали преку инсталирани агенти во странски компании и користејќи дипломати и доверливи странски земји.

Експертите, исто така, забележуваат дека Северна Кореја извезува балистичка технологија и оружје за Блискиот исток и Африка, користејќи ги како параван странските компании.

Претседателката на Јужна Кореја, Пак Гвен-хе, денеска изјави дека Северна Кореја треба да ја плати цената за својата четврта нуклеарна проба, пренесоа француските медиуми.

Во говор, емитуван на телевизија, Пак повика да се изврши притисок врз режимот во Пјонгјанг за тој да сфати дека тој не може да преживее доколку го задржи својот нуклеарен арсенал.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт