Умешноста малиот простор да се направи визуелно поголем на најдобар можен начин, е совршено применета во една мала куќа со модерен стил со вкупна површина од само 26 метри кавдатни.
Куќата само по себе и покрај својот скромен надворешен изглед, се карактеризира со фасцинантен ентериер, за што е користен јапонскиот стил на функционален микро дом со неприкосновен минималиситчки дизајн.
Амбиентот, карактеристичен за Јапонија, покрај во ентериерот, е воочлив и во избраните ориентални прозорци и врати.
Куќата ги содржи сите простории на еден современ дом – дневен престој, кујна и бања на призмејето и спална соба на катот. До спалната соба водат скали под кои е изграден камин.
Иако за ваквите мали градби важи мислењето дека неможат да ги обезбедат повеќето од неопходните модерни елементи, сепак оваа куќа ги разбива ваквите предрасуди, за што доказ е и џакузи кадата сместена во малата функционална бања.