Дел од судиите во Уставниот суд го изгубија правото да седат во него, бидејќи ниту право седат, ниту право судат, реагира партијата на Самка Ибраимовски (ПЦЕР) според која граѓаните треба да ја суспендираат срамната одлука на Уставниот суд.
„Не може да биде судија оној кој е јатак на криминалци. Граѓаните на РМ веќе долго препознаваат кој е криминалец, а кој врата им отвара. ПЦЕР е на страна на граѓаните кои протестираат за одбрана на Уставот на Македонија од Уставниот суд“, се вели во реакцијата на ПЦЕР според која одбраната на Уставот треба да ги обедени сите граѓани.
Да се сплотиме околу оние вредности, вели ПЦЕР, што значат наша иднина.
„А, тоа се темелните вредности на нашиот Устав, слободите и правата на човекот и граѓанинот, слободното изразување на националната припадност, владеење на правото, поделба на државната власт на законодавна, извршна и судска, политичкиот плурализам и слободните непосредни избори и другите вредности на меѓународното право и демократските придобивки.