Не е усвоен извештајот за работата за 2015 на Комисијата за надзор над спроведувањето на следење на комуникациите

Од:

Собраниската Комисија за надзор над работата над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана на денешната седница не го усвои Предлог-извештајот за нејзината работа во 2015 година. 

Претседателот на комисијата Горан Мисовски, образложувајќи го хронолошки Предлог-извештајот за работата во 2015 година, се осврна на извештајот од експертската група на Рајнхард Прибе, особено на делот на прислушуваните разговори. Во делот на парламентарниот надзор во извештајот, во однос на оваа комисија, посочи, е констатирано дека теоретски во земјата е воспоставен систем на парламентарен надзор во форма на комисијата за надзор над работата на УБД и на Агенцијата за разузнавање и за надзор над работата над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од МО.

– Извештајот на Прибе треба да е опомена за Република Македонија, ако сака да биде полноправна членка на ЕУ и на НАТО. Прво нешто што ќе мора да го направиме е контрола над УБД и целиот разузнувачки сектор во државата, кој негативно е опишан од Прибе, рече Мисовски.

Пратеникот Павле Саздов од ВМРО – ДПМНЕ, за кого извештајот за работата на Комисијата за 2015 година е неперифатлив, во форма како што беше предложен, праша зошто на денешната седница не е присутен министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој би требало да даде одговори на, како што рече, одредени прашања и дилеми, во делот на парламентарниот надзор, особено во делот на спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите односно како и дали се користи денес, колку пати била искористена во изминатиот период….Праша зошто претседателот на Комисијата Мисовски, и покрај насоките во извештајот од Прибе, не закажал ниту еднаш засебна седница  на која ќе дискутира за оваа проблематика.
– Нема одржано ниту еднаш надзор над ниту еден орган врз кој треба да врши надзор. Ова е прва ваква засебна средба на оваа комисија од изборите досега. Претходните две средби беа заеднички со другата Комисија за надзор, а на првата средба опозицијата не учествуваше, нагласи Саздов.

Според него, опозицијата не ги искористила механизмите кои ги има на располагање Комисијата, а тоа, рече, влева голема доза на сигурност дека овие системи се злоупотребени од луѓе, како што рече, исклучиво блиски на опозицијата.

Тој побара одговорите на сите претходно поставени прашања да бидат вметнати во извештајот за работата во 2015 година на Комисијата.

Пратеникот Ернад Фејзулаху од ДПА, кој гласаше воздржано, оцени дека оваа Комисија се претвори во фиктивна, а УБК, како што рече, е држава во држава. Тој побара политичка и морална одговорност и од заменик министерот за внатрешни работи и заменик директорот на УБК, кои, како што посочи, се од редовите на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза