Директорот на БЈБ Савовски се сретна со директорот на полицијата на ЕУЛЕКС

Од:

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Горанче Савовски денеска се сретна со директорот на Полиција на ЕУЛЕКС од Косово, Оливер Хофман.

Како што соопшти МВР, на средбата се разговарало за размена на информации за организирани криминални групи кои функционираат од двете страни на границата,  подобрување на соработката помеѓу двете полициски служби во сите сфери од заеднички интерес и понатамошно продлабочување на веќе постоечката соработка.
 
На состанокот било договорено да се одржи повторна средба помеѓу двата полициски директори и надлежни полициски единици во најскоро време, со цел координирање на полициските активности помеѓу полициските служби околу актуелни криминални истраги, а била разгледана можноста за заеднички истражни тимови. Соговорниците, како што стои во соопштението, ја нагласиле особено добрата соработка во заштитата на сведоци.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза