Ештон: Состанокот беше отворен и искрен

Од:

Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон синоќешниот разговор со премиерите на Србија и Косово го оцени како „отворен и искрен“, додавајќи дека тој ќе се продолжи.

„Нашите отворени и искрени разговори оваа вечер се развиваа околу различните аспекти на нормализацијата на односите помеѓу двете страни и двајцата премиери се обврзаа дека разговорот ќе се продолжи“, се наведува во соопштението на Ештон.

„Се договоривме да ја продолжиме работата на целосна интеграција на сите договори“, пишува во соопштението.

Ова е вториот состанок на премиерите на Србија, Ивица Дачиќ и на Косово, Хашим Тачи во присуство на високата претставничка на ЕУ.

„Разговорите беа статусно неутрални, тема на разговорите не беше промена на ставот на Србија по косовското прашање за независноста, темата беше пронаоѓање на модус, како она што е веќе договорено да се спроведе. Да се најде најдобар начин за да им се помогне на луѓето во Косово, а притоа да не се отвора прашањето околу статусот“, рече Дачиќ.

„Не треба да ги оставиме нашите деца да војуваат повторно“, додаде српскиот премиер.

Косовскиот премиер рече дека е договорено сите досегашни договори со Србија да се спроведат.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија