ЦИВИЛ: Стоп за провокациите од владејачките партии

Од:

„Партиите на власт повторно се обидуваат да го одвлечат внимнието на јавноста од вистинските проблеми и да го пренесат на полето на меѓуетничките и меѓуверските односи.

И онака деликатните меѓуетнички и меѓуверски односи во земјата дополнително се нарушуваат и се создаваат опасни тензии токму во моментот кога се потребни брзи и суштински реформи за излез од политичката криза и за создавање услови за слободни избори.

Доволно е да се потсетиме само на еден дел од провокациите и предизвиците по стабилноста и безбедноста на земјата во изминатите три години. Такви беа меѓуетничките тепчки меѓу младите во пресрет на локалните избори во 2013 година, етничките тензии во престрет на изборите во 2014 и начинот на кој се водеше случајот Монструм и „малата војна“ во Куманово во пресрет на големиот граѓански протест во мај 2015 година.

Понатаму, сведоци сме на континуираното бележење на територии со етнички и верски симболи од страна на владејачката партии на двете етнички заедници, вклучувајќи ги и последните примери на поставување на двоглавиот орел во општина Чаир и поставување на темелите на крстот во општина Бутел, за што ЦИВИЛ веќе пишуваше. Се работи за континуирано уривање на односите меѓу заедниците во Република Македонија, што стана препознатлив начин на владеење, во отуство на демократија и почитување на човековите права.

Наместо спроведување на политики и практики за унапредување и подобрување на меѓуетничките и меѓуверските односи во Македонија, власта во континуитет ги злоупотребува со единствена цел – да ги искористи како димна завеса за затскривање на лошото владеење, структурното насилство, политичката корупција и криминалот, а притоа земјата осиромашува и се турка во излолација.

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро ги осудува ваквите политики и практики и категорично бара тие веднаш да престанат. Меѓуетничките и меѓуверските односи се несомнено најважен столб на кој почива стабилноста на Македонија како и на секоја друга земја и секое играње со чувствата на граѓанките и граѓаните за политички придобивки е неприфатлив. Тие игри можат да доведат до страшни и далекусежни последици.

ЦИВИЛ ги повкува граѓанките и граѓаните да го следат примерот на кумановчани за време на минатогодишната безбедносна криза во Куманово кои реагираа присебно и мудро на трагичните настани во нивниот град и не дозволија тероризмот и криминалот да ги разнишаат односите меѓу заедниците во овој град.

Ги потсетуваме структурите на политичката моќ во земјата дека времето за создавање услови за слободни избори брзо изминува и дека можноста за диверзија во јавноста ќе води кон ново одложување на изборите и уште подлабока криза“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски