Најмалку 40 лица загинаа, а 30 се ранети кога воени авиони на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија бомбардирале пазар во град североисточно од главниот град Сана, јави Танјуг.
Најголемиот број од загинатите и ранетите се цивили, изјавија очевидци.
Цел на воздушните напади биле три возила со бунтовници во момент кога влегувале на пазар во градот Накил бин Гајлан.
– Настраданите се припадници на племето Хути, изјави племенски извор.
Коалицијата, предводена од Саудиска Арабија се бори против Хутите и силите лојални на поранешниот претседател на Јемен, Али Абдулах Салехи, со цел да ја врати на власт меѓународно признатата Влада на претседателот Абд Рабо Мансур ал Ахди.