Изминатата година беше катастрофално лоша на економски план, оцени СДСМ. Се намали бројот на вработени, падна индустриското производство, се намали просечната плата, а се зголемија цените, изјави потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски.
Порасна и армијата на невработени, а бројот на блокирани сметки на граѓани и фирми е околу 130 илјади. Јовановски потенцира и дека е зголемен бројот на споменици, фасади и врби, огради, златни коњи и медиумските кампањи и реклами на Владата. Повеќе од изјавата.
.