„Партијата за целосна еманципација на Ромите се сомнева во институциите кои ги ажурираат податоците до ДИК во врска со избирачкиот список.
По донесената одлука на Уставниот суд за помилување на лица кои би го прекршиле изборниот процес, сметаме дека и другите институции кои ги ажурираат податоците се метастазирани од страна на власта и не веруваме во регуларноста на податоците.
За нас како партија единствен меродавен и вистински показател е бројката на осигуреници во Фондот за здравствено осигурување, бројка која е евидентирана и точна.
Доказ за ова е здравствената картичка на осигуреникот. Се друго за нас е сомнеж и нерелевантен показател на податоци“, се вели во соопштението на ПЦЕР.