Јемен нема да им издава визи на либански државјани

Од:

Јеменскиот амбасадор во Либан Али Дулајми изјави дека неговата земја нема да им издава визи на либански државјани во знак на протест против наводното учество на шиитското движење Хезболах во конфликтот во Јемен, јави ДПА.

– Има строга наредба од јеменското Министерство за надворешни работи да не се издаваат визи на Либанци, кои сакаат да патуваат за Јемен, изјави Дулајми, пишува весникот „Ал Шарк ал Авсат“.

Одлуката беше донесена, откако јеменската Влада го обвини пред неколку дена либанското движење Хезболах дека им помага на шиитските бунтовници Хути во конфликтот во Јемен.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа