Земјотрес со јачина 7.5 степени по Рихтер е регистриран во Тихиот океан, кај брегот на Гватемала, соопшти Американскиот геолошки завод.
Епицентарот бил на околу 45 километри југозападно од Чамперика, Гватемала, на длабочина од 33 километри, наведува Американскиот геолошки завод.
Не е издадено предупредување за опасност од цунами, наведува Ројтерс.