Австриската војска ја анализира ситуацијата во Македонија

Од:

Австриската војска во моментов ја анализира ситуацијата на границата на Македонија со цел пружање поддршка на земјата во обезбедувањето на границата, објави виенскиот дневен весник „Стандард“.

Министерството за одбрана на Австрија интензивно работи на извештај за можна поддршка на Македонија во бегалската криза, пренесува Танјуг.

До средата петмина претставници од австриското Министерство престојуваа во Македонија, потврди за „Стандард“ портпаролот на министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил.

Делегацијата ја извидила ситуацијата на границата, а Доскоцил на македонскиот претседател ја вети поддршката уште кон почетокот на месецот.

Австрија е подготвена да упати војска, опрема, но и хуманитарна помош во Македонија.
– Македонците ќе одлучат што им е потребно, нагласуваат во австриското Министерство за одбрана.

Упатувањето војска на македонската граница, Австрија може да го покрие со Законот за учество на војската во меѓународни мисии, во кој се наведува дека единици и поединци можат да бидат упатени во странство со цел пружање хуманитарна помош и помош после елементарна непогода.

– Ако илјадници сириски бегалци се наоѓаат на македонската граница, тогаш тоа е хуманитарно вонредна ситуација, истакнуваат во австриското Министерство, пренесува весникот. Сепак, упатувањето на војската ќе мора да биде одобрено и од австрискиот Парламент.

Инаку, во моментов на македонската граница се наоѓаат седум австриски полицајци.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза