ЦИВИЛ: Уставниот суд му пресуди на Уставот

Од:

„Уставниот суд му пресуди на Уставот. Одлуката да се поведе иницијатива против Законот за помилување, според кој се забранува помилување на осудени лица за изборен криминал, претставува отворено охрабрување на оние структури кои на криминален начин ги манипулираат изборните процеси и доаѓаат на власт по нелегален и нелегитимен пат.

Уставниот суд ќе му дозволи на Претседателот Ѓорѓе Иванов да амнестира осудени за изборна кражба. Поточно, со ова ќе му се дадат ингеренции за помилување на изборните криминалци на човек кој претседателската функција ја „заработил“ на нелегитимни избори.

Освен тоа дека е под контрола на партијата на власт, од овој срамен потег на Уставниот суд се извлекува и заклучокот дека осомничените за криминал поврзан со изборните процеси се подготвуваат за заминување в затвор.

ЦИВИЛ – Центар за слобода го повикува Уставниот суд да ја преиспита оваа одлука и да му даде простор на владеењето на правото, демократијата и почитувањето на човековите права и слободи.

Уставниот суд треба да биде чувар на гласачкото право, кое е фундаментално право на човекот, а не да го девалвира“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски