Животот во пештери е длабоко впишан во генетскиот код на совремното човештво од времето на праисторијата, па во денешни услови живеењето во ваков дом по правило со поврзува со застерен начин на домување.
Но, куќата „Рокхаус Ритрит“, кој се наоѓа во англиската област Ворчестершир, ги побива ваквите предрасуди за животот во пештери и нуди сосема нова конотација на еден пештерски дом.
Куќата е изградена во пештера стара 700 години во близна на шумата Вир и претставува вистинска британска луксузна вила.
„Рокхаус“ е со површина од 65 метри кавдратни и е замислена како романтично и егзотично заолниште далеку од градската врева.
Иако се наоѓа во пештера, куќата ги содржи сите елементи на модерната технологија и се карактеризира со модерен стил. Покрај сплната соба и просторот за дневен престој, куќата има и совремна кујна и бања, како и тераса со камин и скара.
Изградбата на оваа куќа чинела 230.000 долари.