Кампот „Џераси ресидент артистс програм“ се простира на повеќе од 600 ари земјиште на планината Санта Круз.
Новиот комплекс е продолжение на веќе постоечкиот камп, кој се наоѓа на иста ливада на околку 92 метри оддалеченост од главната зграда, која првично била амбар за животни, кога имотот бил сточарски ранч.
Проектот е изработен во чест на писателката и учителка Дајан Мидлбрук, втората жена на основачот на оваа програма Карл Џераси.
Студијата се дизајнирани за да бидат користени од уметниците, а посебно внимание е посветено на деловите наменети за писателите, на кои им е неопходна тишина и простор ослободен од вознемирување.
Зградата претставува збир од четири одвоени делови на еднособни студија, групирани заедно во петата структура, челична купола на која има соларни панели.