Обединетото Кралство со поддршка на реформите во разузнавачкиот сектор во Македонија

Од:

Обединетото Кралство работи со Република Македонија во поддршка на реформите во разузнавачкиот сектор, како дел од пошироката помош на меѓународната заедница за реформа на безбедносниот сектор, соопшти денеска МВР.

Како дел од оваа поддршка, се посочува во соопштението, во средината на февруари во Охрид се одржа работилница, со претставници на Управата за безбедност и контраразузнавање и Обединетото Кралство. Работилницата беше советодавна, а со поддршка и екпертиза се работеше во правец на изнаоѓање решенија за модернизација, транспарентност, надзор, законитост и почитување на демократските вредности и принципи.

– Потребата од реформи во безбедносниот сектор е неопходна со цел да се зголеми ефикасноста и ефективноста кои би биле во функција на заштита на граѓаните и владеење на правото како основен принцип на демократската власт, стои во соопштението од МВР.
Со обезбедување на потребната поддршка, се вели во соопштението, се надеваме дека Управата за безбедност и контраразузнавање на Република Македонија ќе се унапреди во модерна и респектибилна служба, подготвена да се справи со новите безбедносни предизвици.
Соработката меѓу Обединетото Кралство и Република Македонија во безбедносниот сектор во последните две декади вклучуваше соработка со полицијата, разузнавачкиот и одбранбениот сектор.
Обединетото Кралство е долгогодишен поддржувач и партнер на Македонија, подготвено да и помогне на Македонија да ја проведе реформската агенда и да напредува кон евро-атланските цели.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза