Конференција за балканската бегалска рута во Виена

Од:

На иницијатива на министрите за внатрешни и за надворешни работи на Австрија, Јохана Микл-Лајтнер и Себастијан Курц денеска во Виена ќе се соберат владини претставници на државите од Западен Балкан за да разговараат за состојбата долж балканската бегалска рута.

На конференцијата насловена Заедничко управување со миграцијата, според најавите од Виена, покрај домаќините ќе учествуваат и министри за внатрешни работи и за надворешни работи од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Цел на состанокот е усогласување на земјите-учесници во врска со миграциските предизвици, при што ќе се разговара на теми кои се однесуваат на внатрешната безбедност, како што се управувањето со границите и борба против криумчарите со луѓе и поритв екстремизмот.

Најавено е и дека на работниот ручек на учесниците на средбата ќе присусттвува и министерот за одбрана на Австрија, Ханс Петер Доскоцил, кој со претставниците на балканските земји ќе разговара за цивилно-воената соработка и управувањето со границите.

Грчката Влада синоќа соопшти дека премиерот Алексис Ципрас во телефонски разговор со неговиот холандски колега Марк Руте, чија земја претседава со ЕУ, реагирал затоа што Грција не е поканета на конференцијата во Виена.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа