Кожув славеше убедлива победа над Левски

Од:

Екипата на Кожув забележа победа над бугарскиот тим Левски во натпревар од регионалната кошаркарска Балканска лига.

Од првиот триумф во четвртфиналната фаза, Кожув стигна пред домашната публика во Гевгелија, каде вчера во дуелот од 3. коло на Д групата ја победи екипата на Левски со 99:72.

Дури петмина кошаркари на Кожув средбата ја завршија со двоцифрен број на поени, а најистакнат поединец беше Александар Радовиќ кој оствари дабл-дабл учинок од 27 поени и 10 скокови. По 13 поени постигнаа Владимир Брчков и Стојан Ѓуровски, а со еден помалку (12) средбата ја завршија,  Александар Штерјов и Иван Тодоровиќ.

Во рамките на оваа група денеска ќе играат, Сигал Приштина и Пеќ, додека вчера попладне се одигра дуелот од Ц групата меѓу Берое и Башкими кој заврши со победа на домаќините од 90:80.

Табела – Д група: Сигал Приштина 2-0 (победи-порази), Кожув 1-2, Левски 1-2 и Пеќ 1-1.

Табела – Ц група: Теодо 3-0 (победи-порази), Морнар 1-2, Берое 2-1 и Башкими 0-3.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос