Германија со рекорден суфицит во 2015 година

Од:

Најсилната европска економија минатата година забележала рекорден суфицит во федералниот буџет во висина од речиси 20 милијарди евра што е рекорд од унификацијата на земјата во 1990 година, јави дописникот на МИА од Берлин.

Забележаните 19,4 милијарди евра суфицит се за над 10 милијарди повеќе од 2014 година кога суфицитот беше на ниво од 8,9 милијарди.

Но според статистичарите не е се розово во германската економија која ги чувствува последиците на забавувањето на глобалната економија.

Потенцијални проблеми за земјата може да предизвика падот на извозот за 1,7 проценти во последниот квартал од 2015 година, падот на побарувачката на светско ниво и ниската цена на нафтата, предупредуваат економистите кои за оваа година предвидуваат раст на економијата од 1,7 проценти, ниво забележано и минатата година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија