FX3X во авантурите на Зулендер 2

Од:

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во визуелните ефекти на комедијата Зулендер 2, која од четврток ќе се прикажува во Скопје.

Миливоје Ѓорѓевиќ, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х, за работата на овој проект вели дека Зооландер 2 е една од култните пародија комедии, кои на интересен начин ни свртуваат внимание врз некои општествени појави.

– Кога се работи за таков филм, секако дека е огромно задоволство да сме дел од него, и овојпат во соработка со нашите долгогодишни клиенти МПЦ Техниколор од Лондон. На проектот работеа 50 артисти во септември 2015 година. Хуморот во филмот ги следи најактуелните теми во шоу бизнисот. Оттаму убиството на Џастин Бибер и андрогениот Бенедикт Камбербеч се некои од атрактивните моменти, вели меѓу другото Ѓорѓевиќ.

По 14 години од првиот дел фановите на Зулендер ќе видат богата плејада на актери. Покрај Бен Стилер и Овен Вилсон, во филмот се појавуваат и Пенелопе Круз, Ашер, Џастин Бибер, Мајли Сајрус и Деми Ловато. Вил Ферел, пак, се враќа во улогата на негативецот Мугату.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид