Активистите на ЛГБТ заедницата ја презентираа веб страницата Пријавинасилство.мк, страна на која ЛГБТ луѓето ќе може анонимно да пријавуваат насилство врз нив. Според активистите, една од причините е тоа што системот на Македонија не е соодветно практикуван и не функционира.
– Институциите на системот потфрлаат во заштита на основните човекови права, особено на оваа група луѓе. Јавното обвинителство води истрага повеќе од три години за сторители снимени на камера, полицијата молчи, политичките елити шират хомофобија, а насилниците стануваат локални херои. Најстрашната флоскула е истрагата е во тек, вели новинарот Огнен Јанески.
Активистите велат дека насилството најчесто доаѓа од одредена група на граѓани, но често овие луѓе доживуваат и семејно насилство, а институциите за пријавите не преземаат ништо.
Според нив, оваа веб страница ќе им помогне и на институциите, кои според нив, не преземаат ништо во врска со пријавите на ЛГБТ луѓето.