ДС: Парламентот да ја поништи одлуката за самораспуштање

Од:

Демократскиот сојуз (ДС) ги повикува сите парламентарни партии и пратениците да гласаат за Парламентот да ја поништи одлуката за самораспуштање, да се продолжи со работа се додека не се создадат услови за фер, демократски, слободни и кредибилни избори, на кои ќе имаат еднакви шанси сите партии и граѓани кои ќе учествуваат на изборите.

Како што стои во денешното соопштение од ДС, се работи за иднината на Република Македонија и никој нема право да ги блокира суштинските реформи во судскиот систем, владеење на правото,безбедносните системи и процесот на утврдување на одговорноста на тие кои не вовлекоа во тотална криза и безизлезност.

– Денес имаме историска шанса да направиме пресврт и надвор од партиските стеги и политичките водства, како претставници на граѓаните во Парламентот да гласаме во нивен интерес, да спречиме хаос и да отвориме перспективи за нормализација на состојбите и младите генерации, се подвлекува во сопштението.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски