Windows Live Messenger ќе се пензионира во корист на Skype

Од:

Microsoft конечно потврди дека дефинитивно Windows Live Messenger ќе се пензионира во првиот квартал од наредната година, а на оние кои го користат овој IM сервис не им преостанува ништо друго, освен да мигрираат кон Skype.

Редмондијанците ги нарекува ова „добри вести“ и ветуваат дека не го „убиваат“ Windows Live Messenger, туку го спојуваат заедно со Skype.

„Со ажурирањето на Skype, корисниците на Messenger инстантно ќе може да муабетат и видео комуницираат со своите Меssenger пријатели“, пишува на блогот на Skype.

Skype 6.0 веќе доаѓа со Microsoft поддршка, што значи дека уште од сега може да се логирате со вашиот Messenger ID и да почнете да „четате“ исто како и во WLM.

Инаку, Microsoft спрема „специјална понуда“ за оние корисници кои ќе го „шутнат“ Messenger за Skype, но засега само толку се знае.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска