Како одговор на тешката ситуација на пазарот за изнајмување на станови во Амстердам, во недостатокот на мали станови и високите цени за изнајмување, холандската фирма „Moodworks Architecture“ го креираше „Heijmans ONE“ проектот, за да им понуди опција на самците кои бараат пристапен и одржлив современ дом.
Целната група на „Heijmans ONE“ проектот претставува млади луѓе со добро образование и професионалци од 25 до 35 години.
Овие домови се дизајнирани со цел да создадат позитивна аура, со помош на многу светилки и чувството на просторност, високите плафони и преубавиот поглед. Можат да бидат изградени на приватни имоти, или локации кои се во сопственост на градот. Можат да бидат пренесени со камион и да бидат поставени на секое место.
Енергетски ефикасните монтажни куќи се со големина од 45 метри квадратни, целосно наместени и со голем дневен простор, кујна, купатило, одвоена спална соба и мала градина.
Нивната структура е составена од тврдо дрво и соларни панели, кои се наоѓаат на конструкцијата и креираат сосема доволно енергија, колку што е потребно за секој самец.