„Жално е ваква трагедија да злоупотребувате во дневно-политички цели, дотолку повеќе што постапката за утврдување на причината за смртта на родилката е во тек.
Што се однесува до другите обвинувања кои ги изнесовте на Вашата прес конференција се тенденциозни и неточни.
Актуелниот менаџерски тим на болницата за многу краток временски период обезбеди
– три нови најсовремени медицински апарати ( апарат за анестезија, најсовремен биохемиски анализатор и дигитален мамограф за кој е на крај обуката на персоналот и за многу брзо време ќе биде пуштен во функција.
– Во тек е комплетно реновирање на внатрешноста на болницата : болнички соби( внатрешна дограма, подови, плафони, ново осветлување), операциони саали, тоалети, 4 нови лифтови како и промена на надворешната дограма во делот каде не е променета и сето тоа во вредност од 70 000 000 денари.
Лaга се тврдењата дека недостигаат лекови реагенси и хемиски средства. Одговорно тврдам дека сите одделенија навремено се снабдуваат со истите за непреченно функционирање.
Од почетокот на грејната сезона болницата ниту еден ден не е оставена без греење, во моментов имаме залиха доволно да се покрие грејната сезона.
На специјализација во моментов се 18 лекари, како никогаш досега во последните 25 години.
Зборувате за селективност по партиска припадност а знаете дека многу од началниците на одделенија и раководители на оддели се членови токму на вашата политичка партија – вклучително и началничката на одделението за Гинекологија и Акушерство кое посебно го потенцирате.
За крај се сложуваме дека недостигаат лекари – специјалисти на повеќе одделенија , но тоа е резултат на политиките на вашите директори и министри кои години наназад таложеле долгови и не испратиле ниту еден лекар на специјализација“, се вели во демантот на ЈЗУ Општа болница – Прилеп на прес конференцијата на Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп.