ЦИВИЛ ги повикува политичките елити на одговорно однесување

Од:

„Писмото од ЕУ и САД со проценката дека нема услови за одржување слободни избори, се совпаѓа со наодите и препораките на ЦИВИЛ од долгорочниот мониторинг на социо-политичките состојби и процеси во земјата, особено во контекст на изборите и долгогодишната политичка криза.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја поздравува и ја поддржува одлуката на меѓународната заедница која одлучи јасно и недвосмислено да ѝ испрати порака на македонската политичка елита дека е неопходно прво да се создадат услови, а потоа да се спроведат избори.

ЦИВИЛ ја искажува својата поддршка на меѓународниот медијатор Питер Ванхауте и ја изразува својата благодарност за неговата макотрпна работа, за посветеноста и професионалноста, наспроти сите притисоци и опструкции со кои се соочува секојдневно. Ја повикуваме владејачката партија да го повлече своето соопштение кое очигледно е напишано во афект.

ЦИВИЛ ги повикува сите политички и општествени субјекти, кои знаат што е одговорност, да помогнат во процесот за надминување на политичката криза во Република Македонија. Ова се мигови кога непреземањето одговорност за постапките води кон уште посериозна криза со далекусежни и катастрофални последици.

Агонијата во која е втурната Република Македонија може да се прекине само со слободни избори, а за тоа неопходно е одвојување на партијата од државата, пречистување на Избирачкиот список, ослободување на медиумите од партиските стеги и владеење на правото, што подразбира непречено работење и на Специјалното јавно обвинителство.

Го повикуваме претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и сите политички партии да свикаат итна седница и да ја отповикаат неодамнешната контроверзна одлука за самораспуштање на парламентот и свикување избори на 24 април. Тоа, во овие услови, не е возможно!

Пратениците во Собранието на Република Македонија мораат да покажат интегритет и одговорност кон граѓанките и граѓаните и да одиграат позитивна улога во разрешувањето на политичката криза“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски