Голем интерес за градежните парцели во новата населба во општина Илинден

Од:

Општина Илинден интензивно работи на изградба на инфраструктурата за новата населба за домување на локалитетот Јака, во Марино. Во тек е изградба на мост и локален пат што треба да ја поврзе новата населба што ќе се простира на површина од 28 хектари, а опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско-сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири.

Досега за продажба понудени се 54 парцели за домување и една парцела за изградба на хотелски комплекс, а првото електронско јавно наддавање за плацевите од новата населба ќе се одржи на 12 ноември годинава.

Како што информира општина Илинден, наредниот период, како што ќе се подготвува техничката документација, континуирано ќе продолжат да се објавуваат и останатите градежни парцели од локалитетот Јака, што можат да се најдат и на веб страната на општина Илинден www.ilinden.gov.mk

Би можело да ве интересира

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски