Компанијата „Вирџин Галактик“ планира да промовира нова верзија на ракетата „Спејсшип 2“, наменета за вселенски туризам.
На тој начин ќе продолжи тестирањето, кое беше прекинато во 2014 година, кога првата верзија на ракетата беше уништена во несреќа, при што загина еден од двајцата пилоти.
Новиот вселенски брод ќе биде претставен в петок во база во пустината Мохаве во Калифорнија.
„Спејсшип 2“ е дизајниран да лета со екипаж од двајца пилоти и да може да поведе шест патници на суборбитален лет со неколку минути бестежинска состојба и поглед кон Земјата.
Првиот „Спејсшип 2“ при пробниот лет на 31 октомври 2014 година падна во пустината Мохаве. До несреќата дојде кога копилотот прерано го отклучил системот кој има за цел да го успори и стабилизира леталото во момент кога повторно влегува во атмосферата.
Еден од двајцата пилоти загина, додека вториот го преживеал падот, скокајќи со падобранец од висина од 50.000 стапки (15.240 метри), при што се здоби со повреда на рамото.