Чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки не ја исклучува можноста земјата да испрати околу сто војници во силите на Северноатлантската алијанса (НАТО), кои ќе дејствуваат и ќе го зајакнат присуството на воениот сојуз во источните членки на НАТО, јави дописникот на МИА од Прага.
Стропницки, во интервју за Чешката државна телевизија додаде дека според планот, мисијата би била распоредена во втората половина на оваа година.
НАТО претходно, како одговор на руската акција во Украина одлучи да ја зајакне одбраната на нејзиното источно крило со создавање на нови сили на многу брза реакција од 5.000 мажи и шест седишта во Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Романија.
Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, Петр Павел за ЧТ изјави дека военотото присуство во источниот дел на Алијансата нема за цел воено да ја загрози Русија, туку има за цел да го покаже единството на Алијансата.