Лотос против Бадел во женското кошаркарско куп финале

Од:

Гевгелија, 20 февруари 2016 (МИА) – Екипата на Лотос е вториот финалист во националниот Куп, откако во второто полуфинале со убедливи 78:48 го победи Студент 2015.

Од почетокот до крајот на мечот кошаркарките на Лотос ја имаа контролата на играта и резултатот, и на крајот заслужено стигнаа до второто во низа за нив куп финале.

Предводничка на Лотос во денешното полуфинале беше Лазаревска со 24 поени.

Кај поразениот Студент се истакна Иванова со 19 поени.

Утре за трофејот во Купот на Македонија во финалето кое стартува од 15 часот и 30 минутипротивник на Лотос ќе му биде Бадел 1862.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос