Прво Куп финале за Карпош Соколи во клупската историја

Од:

Кошаркарите на Карпош Соколи се изборија за историско прво финале на овој клуб во националниот куп. Тие вечерва во првото полуфинале го победија Куманово со 71:69.

Соколи беа доминантни во првата (24:16) и третата четвртина (19:8), а кумановци возвратија само во вториот период (21:10). Во последната четвртина се играше рамноправно, разликата околу десет поени се одржуваше се до две минути пред крајот, кога кумановци го направија последниот обид да го избегнат поразот, но успеаја да направат целосен резултатски пресврт.

Душан Кнежевиќ и Снер со по 15 поени беа најефикасни во победничката екипа, додека Бојан Трајковски 23 поени се истакна во поразениот тим.

Противник на Карпош Соколи во утрешната борба за трофејот ќе биде подобрата екипа од второто полуфинале закажано за вечерва од 21 часот во кое ќе се сретнат домаќинот Кожув и МЗТ Скопје Аеродром.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос