(ВИДЕО) Богоев: Најголема терористичка закана за РМ се младинската невработеност и иселувањето

Од:

„Не доставивте елаборат,анализа за Законот за нов Универзитет, само 5 страници дадовте. И врз база на тие 5 страници, ајде гласајте. Епа, ние не сме како вас. Ние не гласаме по наредба.

Најголема терористичка закана за Република Македонија е навработеноста и иселувањето на младите. Поголема закана за Македонија од масовното иселување, на првенствено млади и високо образовани граѓани нема. Поголем терористички напад од тој напад за една држава нема. Демографски Македонија старее.

Квалитетните млади луѓе бегаат од државата, си ги губиме граѓаните, младите, високо образованите, работната сила, тоа е најголема закана за државата!

Нема поголема закана од ова што и се случува во моментот на Република Македонија. Слушнавме од снимките кој е најголема закана. Слушнавме од снимките зошто се селат младите, зошто е ваква катастрофа во образованието. Слушнавме како министер за внатрешни работи кажува кој да биде ректор, декан, “магаре да врзат само Фросина Ременски да не биде”.

Најголемата опасност за Македонија од Илинденска доаѓа, не доаѓа од друга страна!
14 години Никола Груевски е во извршната власт, вие сте директно криви за масовното селење на млади и младинската невработеност. Не раскажувајте бајки, како директорот на Агенцијата за вработување дека по 500-600 млади дневно се вработувале”, рече Стефан Богоев, пратеник на СДСМ и претседател на СДММ од собраниската расправа на Комисијата за образование, наука и спорт по повод предлогот за отворање на нов Универзитет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa, секое маало, сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

(ВИДЕО) Кузеска: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособна и најкорумпирана досега

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие

(ВИДЕО) Кузеска: Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претворија во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните пари

(ВИДЕО) Кузеска: Со власта на Мицкоски минималната плата се држи на дното, работниците добиваат само леб и сол

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа