А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДСМ амбулантите имаa полско WC

by А1он20/02/2016 - 16:18128
Share0

„Во време на СДСМ не постоеше министерство за здравство, туку министерство за бисери кои со пари на граѓаните им се подаруваа на министерките од редовите на СДСМ.

Добивај вести на вибер

Друго јавноста не се ни сеќава дека СДСМ превземало во оваа значајна област. Тоа што СДСМ пропушти и упропасти во здравствениот систем требаат долги години да се надомсети.

Со кој образ СДСМ зборува за реновирање амбуланти, кога во време на СДСМ амбулантите беа руинирани и без елементарни услови за работа?

Во време на СДСМ во амбулантите имаше тоалети со супстандардни услови, таканаречено полско WC.

Такви услови во амбулантите затекна оваа Влада, и затоа приоритет за реновирање е ставен на амбулантите кои беа под секое ниво на човечко достоинство.

Амбулантата во Волково е комплетно реновирана после 52 години работа во услови во какви што ја остави СДСМ. Изградивме комплетно нов објект за амбулантата во Миладиновци во општина Илинден, каде што стариот објект беше сведок на негрижата на СДСМ за унапредување на здравството. СДСМ и оваа амбуланта ја остави во распаднати лимени бараки, како и многу други амбуланти низ државата.

Еден од приоритетите за 2016 година е комплетно реновирање на амбулантата Лисиче, за која веќе се подготвува проект, и тоа како инвестиција на Министерство за здравство, Здравствен дом Скопје и локалната самоуправа. Покрај Лисиче, приоритети за оваа година се и: поликлиника во општина Сарај, нова амбуланта Ѓорче Петров 2, исто така во заедничка соработка на Здравствен Дом Скопје, Министерствo за Здравство и локалната самоуправа.

Жителите од Лисиче добиваат здравствени услуги во поликлиниката Јане Сандански во која се обезбедуваат сите специјалистички здравствени услуги, функционира пункт на Итна медицинска помош, дежурен педијатриски пункт и инсулинска аптека. Од неодамна во оваа поликлиника воведовме дијагностика Компјутерска томографија, која за првпат е воведена на ниво на Здравствен дом, со што оваа значајна дијагностичка процедура станува подостапна за граѓаните.

Континуирано инвестираме во подигнување на нивото на квалитет на здравствените услуги во рамки на целиот Здравствен Дом Скопје. Од 2012-2015 во најсовремена медицинска опрема се инвестирани околу 70 милиони денари, од кои околу 19 милиони за најнов апарат за компјутерска томографија. Годишно се инвестираат од 15-17 милиони денари за градежни работи за реконструкција на објекти во рамки на Здравствен Дом Скопје и адаптација на кабинети.

Показател за инвестициите во Здравствен Дом Скопје е податокот дека минатата година 94% од пациентите третирани во Здравствен Дом Скопје добиле комплетна здр.услуга во рамки на Здравствен Дом без препраќање на повисоко ниво.

СДСМ освен во јувелирница немаат ништо инвестирано во здравствениот систем во Македонија. Оттука тоа што СДСМ денес го говори е чиста демагогија и манипулации. Затоа народот за овие манипулации ќе го казни СДСМ на следните избори со катастрофален пораз, како што приличи за десетиот јубилеен пат по ред“, велат од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:4307/12/2025 - 17:40

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 10:50

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 12:2901/12/2025 - 12:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен