Куманово противник на Карпош Соколи во полуфиналето на Купот на Македонија

Од:

Екипата на Куманово е третиот полуфиналист во кошаркаркиот Купот на Македонија, а за место во финалето ќе се бори со тимот на Карпош Соколи.

Во третиот натпревар од четвртфиналето на Купот на Македониј, што се одржува во Гевгелија, Куманово го победи бранителот на трофејот Работнички со 85:79.

Во рамноправен натпревар се до самата завршница, кумановската екипа до финалето ја предводеа Жарко Ракочевиќ со 29 поени и 9 скокови и репрезентативецот Александар Костовски кој покрај 24 поени имаше и 5 скокови.

На Работнички не му помогна ниту „дабл-дабл„ ефектот на Ѓорѓи Чековски од 28 поени и 14 скокови, како и расположениот Диме Тасовски кој средбата ја заврши со 24 поени.
Така, Куманово утре во вториот полуфинален меч за противник ќе го има тимот на Карпош Соколи кој во четвртфиналето беше убедлив против Струмица со 91:54.

Кој ќе биде противник на МЗТ Скопје Аеродром кој место во полуфиналето обезбеди со победата над Бест со 89:58, ќе дознаеме вечерва по одигрувањето на последниот меч од четвртфиналето во кој Фени Индустри за противник ќе ја има екипата на Кожув.

Полуфиналните средби во машка конкуренција утре ќе се играат во термините од 18 и 20.30 часот, а претходно од 13 и 15.30 часот ќе се игра женското полуфинале во кое ќе се сретнат, Бадел 1862 – Студент и Клубски – Лотос.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос