Карпош Соколи очекувано во полуфиналето на Купот на Македонија

Од:

Кошаркарите на Карпош Соколи очекувано се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија.

„Соколите“ во вториот четвртфинален меч од завршницата која се одржува во Гевгелија, ја совладаа екипата на Струмуца убедливо со 91:54.

Најефикасен во редовите на победничката екипа беше Дарко асоколов со 16 постигнати поени. Карпош Соколи во полуфиналето кое ќе се игра утре за противник ќе го имаат победникот од дуелот Куманово – Работнички кој ќе се игра вечерва од 20.30 часот. Кој ќе биде противник на МЗТ Скопје кој во четвртфиналето го совлада Бест со 89:58 ќе се знае по мечот меѓу Куманово и Работнички кон ќ почне од 18 часот.

Утре на програмата покрај полуфиналните средби во машка конкуренција, ќе се играат и полуфиналните натпревари кај жените. За место во финалето во женска конкуренција ќе се борат, Бадел 1862 – Студент и Клубски – Лотос.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос