Обвинителството нареди обдукција на починатата родилка од Прилеп

Од:

Основното јавно обвинителство-Прилеп нареди обдукција на починатата родилка, која во текот на вчерашниот ден во прилепската општа болница „Борка Талески“ била примена и во попладневните часови родила здраво дете.

Во денешното соопштение од Обвинителство се наведува дека повеќе часови по породувањето, односно денеска околу 1:50 часот дваесет годишната родилка починала. По констатирање на настанатата смрт, известен е надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп.

Обвинител извршил увид на лице место, при што донел наредба за обдукција на починатата родилка и наредби за обезбедување на доказен материјал.

Во насока на расветлување на настанот, во тек е преземање и на други дејствија, стоопштуваат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница