„Партијата за целосна еманципација повторно реагира на одбиените жалби на Специјалната Обвинителка Катица Јанева и нејзиониот тим, поради непочитување на правдата, поради непочитувањето на еднаквоста како за сите што донесоа одлуки за притвор, така треба за секој што згрешил без разлика што бил и кој бил.
Парвда мора да има, со ваквите одлуки на судиите уште попвеќе го иритираат народот, а народниот суд е најопасен суд. Тој кога ќе стане на пресуди, вие што ги одбивте барањата на Специјалната Обвинителка, не знам што ќе ви се случи, но знам дека ќе ви пресуди и вам и на тие што државата ни ја направија Мочуриште од КРИМИНАЛ.
Зарем вие тоа не го гледате господа Судии? Кога дававте заклетва за правда, вака ли пишуваше во вашата заклетва да ги поддржувате криминалците, да нема правда.
Срамно, жалосно и непрофесионално од ваша страна. Никој не треба да биде заштитен кога греши, затоа е Судството да донесе правични одлуки, да има ПАРАВДА, тоа го бараме ние како партија.
Правдата е симбол на една држава. Какво судство таква држава ќе имаме. По се изгледа ние сме на погрешен колосек, но не заборавјте вие сте затоа избрани да има ПРАВДА И ДА ГИ ПОЧИТУВАТЕ ДОНЕСЕНИТЕ ЗАКОНИ ОД СТРАНА НА СОБРАНИЕТО НА РМ“, се вели во соопштенитео на Самка Ибраимоски, ПЦЕР.