СДСМ: Медиумските курири ги бранат криминалите на Груевски

Од:

„Медиумските курири преку нарачаните текстови коишто ги објавуваат покажуваат дека нивната клучна улога е да шират лаги во одбрана на криминалните активности и корупцијата во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Никола Груевски молчи која е неговата улога во злосторничкото здружување, медиумските курири шират лаги и неуспешно се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Јавноста дозна за поврзаноста на „Република“ со даночниот рај на фамилијата, Белизе. Како и за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак. Затоа 20 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во провладините медиуми, за само три години.

Ова е уште еден доказ зошто е потребна слобода на медиумите, зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните.

Граѓаните во Република Македонија се обединети против корупцијата и криминалот.

Секој оној којшто ги прекршил уставот и законите треба и мора да понесе одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ