ЕУ и САД ќе ја објават проценката за изборите

Од:

ЕУ и САД денеска треба да ја објават проценката на меѓународната заедница дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24. април, согласно договорот од Пржино.

Евроамбасадорот Аиво Орав, завчера одговарајќи на новинарско прашање изјави дека проценката се уште е во подготовка.

– Од една страна 24 април е дел од договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во имплементацијата на договорот од Пржино. Па така сите страни се во право, рече евроамбасадорот Орав.

Тој потсети дека ја оценуваат ситуацијата во три области за подготовката за изборите и тоа прво ДИК и Избирачкиот список, во однос на персоналот на ДИК и ревизијата на Избирачкиот список, второ медиумите-балансирано известување и договорот на четирите партии за медиумите, одвојувањето помеѓу државата и партиите, како и притисоци и закани.

Орав не потврди дали еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска ќе пристигне во Скопје и ќе одржи средби со лидерите на четирите политички партии потписнички на договорот од Пржино.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски смета дека нема пречка за одржување на изборите на 24 април, како што предвидува Договорот од Пржино. Тој вчера изјави дека на изборите народот одлучува, а Македонија, како што рече, ќе ја победи и оваа наметната криза од СДСМ.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, вчера изрази уверување дека меѓународната заедница ќе соопшти оти нема елементарни услови за да се одржат фер и демократски избори на 24 април.

Амбасадорите на Европската унија и на САД во Македонија  Аиво Орав и Џес Бејли на крајот од јануари на средба со премиерот задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев му предочиле дека не подоцна од 20 февруари, во консултација со меѓународни и локални експерти, заеднички ќе разгледаат дали се исполнети условите за одржување кредибилни избори на 24 април. Тие при тоа му ги предочиле критериумите што ќе ги употребат во проценката.

Во критериумите е наведено дека ДИК мора да биде целосно обезбедена со персонал и финансии. Што се однесува до Избирачкиот список мора да бидат завршени првичните вкрстени проверки на сите релевантни податоци за да се добие добра слика за тоа колку опсежен ќе биде процесот на прочистување, вклучитлено и теренските проверки. Таа мора да има веродостојна програма и доволно време и ресурси за да може да ги истражува и да одлучува по неправилностите што ќе се откријат за време на вкрстената проверка,

Во документот што беше доставен и до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на ДПА, се наведува дека мора да постои јасна законска рамка за навремено отстранување на имиња кои не припаѓаат во Избирачкиот список, како и да бидат воведени соодветни механизми за обележување на имињата кои нема да можат да бидат отстранети, но за кои ќе биде потребна дополнителна проверка. Мора да постои опсежен и фер механизам за разгледување на желбите што ќе произлезат од процесот на прочистување на Избирачкиот список, а ОБСЕ да биде поканета да ја набљудува процедурата.

Во критериумите што ќе се користат за проценка на спроведувањето на обврските од Пржино ЕУ и САД наведуваат и дека четирите партии мора да постигнат договор за медиумските реформи, и дека „мора да бидат преземени мерки што ќе обезбедат доволна одвоеност на државата од активностите на политичките партии со што ќе се санкционираат злоупотребите.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар