Италија апелира ЕУ да го преразгледа Договорот од Даблин и да го зачува шенгенот

Од:

Европската унија треба силно да се ангажира за да го зачува договорот за шенген и да ги преразгледа правилата од договортот од Даблин, изјави денеска во Атина шефот на италијанската дипломатија Паоло Џентилони.

– Ние очекуваме силен ангажман од ЕУ против вонредните решенија на некои земји, што би можело да имаат неповратни последици по шенген договорот, како и ангажманот на Европската комисија да го преразгледа договорот од Даблин. Едностраните дејствија би можеле да доведат до крах на шенгент, истакна Џентилони по средбата со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. 

Џентилони посочи дека според правилата од Даблин обврска на земјата која прва ги прима мигрантите е да ги разгледа молбите за азил. Тој додаде дека договорот бил потпишан пред 20 години, кога Европа не се соочувала со настани како денешните.

Коѕиаз изрази жалење поради „едностраните дејствија“ на некои европски држави, кои избрале да ги затворат границите.

– Таквите акции водат до фрагментирање на Европа, посочи шефот на грчката дипломатија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски