СДСМ: Граѓаните треба да дишат чист воздух и да живеат во здрава животна средина

Од:

„Граѓаните во Македонија со месеци, со години дишат воздух полн со канцерогени ПМ10 честички, опасен по нивното здравје.

Според официјалните податоци од мерните станици, граѓаните се гушат од загаден воздух.

Граѓаните на Тетово од 1 јануари 2014 година до 14 февруари 2016 година, за време од цели две години само 3 дена дишеле чист, незагаден воздух . За две години воздухот бил загаден дури 751 ден!

Воздухот во општина Центар во 2015 година бил загаден дури 266 дена, од вкупно 365 дена во годината.

Жителите на Лисиче во текот на 2015 година дишеле чист, незагаден воздух само 40 дена.

Граѓаните на Битола во 2015 година биле изложени на екстремно загаден воздух дури 276 дена.

Криминалните политики на Никола Груевски граѓаните ги плаќаат со своето здравје.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а граѓаните на Македонија дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.

Само дел од овие 630 милиони евра можеа да се инвестираат во животната средина и целосно да се реши проблемот со загадувањето на воздухот.

Криминалните политики на Никола Груевски им одземаа 10 години живот на граѓаните.

Власта во заминување е одговорна за загадувањето на животната средина и за нарушеното здравје на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он