Левица: „Двоглавиот орел” е само маска за прикривање на социјалната мизерија

Од:

Левица како надетничка партија не ги спори различните културолошки вредности на етникумите, истакнувањето на своите симболи и воопшто живеењето и развивањето на нивните засебни култури. За нас спорно е трошењето средства на вакви споменици во услови на социјалната беда во која се наоѓа Македонија, па јавно би поставиле неколку прашања, како до властите (чиј што проект е овој споменик) така и до народот, особено жителите на Општина Чаир:

Како споменикот “Двоглав орел“ ќе ја подобри секојдневната живеачка на народот?
Кога парковите по Топанско Поле ќе бидат тревници и места за рекреација и детска игра а не магацини, ѓубришта и паркинзи за автомобилите, како што впрочем се сега?
Кога ќе се постават “лежечки“ полицајци на улицата Август Цезарец и многу други улици по општина Чаир кои се високо ризични за пешаците и често има повредени пешаци?
Кога ќе има велосипедски патеки во Општина Чаир?
Кога ќе се доведат во нормала условите во амбулантата на Чаир?
Кога ќе бидат средени дворовите по градинките во Општина Чаир и кога ќе престанат да се трујат децата од неквалитетната храна во истите?

И на крај, кога и како општина Чаир планира да го реши проблемот со густата населеност, со оглед на тоа што е една од најгусто населените општини во Европа?
Левица смета дека ова е уште една националистичка маска со која власта сака да ја покрие социјалната мизерија, во која народот живее. Ова е уште еден случај каде се поттикнува меѓуетничка омраза и поделба на народот, но нема да им помине!

Би можело да ве интересира

Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште

А1он

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство