Недалеку од сплитското крајбрежје утрово околу 6 часот е пронајдено мртво тело на маж. Лицето се уште не е идентификувано. Според првичните информации, полицијата не пронашла знаци на насилство.
Ова е второ мртво тело пронајдено во морето во период од десет часа.
Во вторникот околу 20 часо и 30 минути откриено е тело во морето. Станува збор за 51-годишен жител на Сплит. Причината за смртта се уште е непозната.